Skip to content Skip to footer

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

на личните податоци на корисниците

(последно ажурирано на 20 август 2023 година)

Општи информации

Оваа Политика за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој Друштво за финансиски консалтинг и услуги ОДМ КОЛЛЕКТИОНС ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст “Друштвото”) ги прибира, обработува и ги користи податоците добиени при посета на веб-страната на Друштвото, како и видовите информации што можат да се приберат и задржат на овој начин (во натамошниот текст “Политика за приватност”).

Друштвото вложува максимални напори за да се усогласи со релевантните прописи за заштита на личните податоци со цел да се овозможи заштита на правата на лицата чии податоци се обработуваат. Соодветно, оваа Политика за приватност е креирана во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ бр. 42/2020 и 294/2021”), вклучувајќи ги подзаконските акти донесени врз основа на овој Закон (во натамошниот текст: Релевантни прописи).

Дефиниции

 Личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице.

Обработка на личните податоци е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.

Контролор е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци.

Обработувач на збирка на лични податоци е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.

Податоци за контролорот на збирки на лични податоци

  • Друштво за финансиски консалтинг и услуги ОДМ КОЛЛЕКТИОНС ДООЕЛ Скопје
  • ул. “Димитрие Чуповски” бр.22А/1-3, 1000 Скопје
  • Телефон: +389 2 313 33 87
  • Веб-страна: odmc.mk
  • Е-mail: office@odmc.mk

Контакт за лични податоци

-Офицер за заштита на лични податоци

Кристина Јанева

Телефон: +389 71 243 636

E-mail: ozlp@odmc.mk

 Чии податоци собираме

 Друштвото може да собира податоци поврзани со следниве категории на лица:

-Посетители на нашата интернет страна www.odmc.mk. Вообичаено собираме податоци за навигација кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб-страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб-страна

-Баратели и други физички лица во врска со поднесувањe на Барања.

Категории на податоци кои се обработуваат

  1. Податоци за навигација

Серверот, за секој посетител на нашата интернет страна креира логови со следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса;
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
  • URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на ДЗЛП;
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите;
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб- страна.

  1. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб-страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања за консултација, поставување на прашања, обезбедување на повратни информации.

Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, факс, email и потпис.

Како  ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

  • преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;
  • преку нашиот email: office@odmc.mk
  • преку пошта.

Категориите на корисници на лични податоци

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:

-Во случај на ангажирање на даватели на услуги ако Друштво за финансиски консалтинг и услуги ОДМ КОЛЛЕКТИОНС ДООЕЛ Скопје ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на Друштвото и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.

-По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.

 Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.

Вашите права

Во однос на обработката на лични податоци, вашите права се следните:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци;
  • право на пристап до личните податоци;
  • право на исправка и бришење на личните податоци;
  • право на ограничување на обработката на личните податоци;
  • право на приговор.

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци на следниов e-mail: ozlp@odmc.mk

Прифаќање на условите

Со користењето на оваа веб-страница се согласувате, односно ги прифаќате одредбите од Политиката за приватност на Друштвото.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност ќе се менува соодветно со промените на активностите во Друштвото.

Created by Offmars ©