Skip to content Skip to footer

Наплата/Сервисирање на побарувањата

ODM LOGO SAJT

Професионален менаџмент

Подготвени сме да ве поддржиме во сите фази на наплата на доспеаните побарувања, отпишаните побарувања и побарувањата во судски постапки. Процесот на наплата го прилагодуваме на видот на побарувањето и карактеристиките на должникот и клиентот, почитувајќи ги правата и заштитувајќи ги интересите на сите инволвирани страни. Во нашата работа, ние секогаш се трудиме, без разлика дали како даватели на услуги или како нови доверители, процесот на наплата на долгови да го решиме мирно, почитувајќи ги највисоките етички стандарди за деловна комуникација.

Во современиот бизнис со јасно дефинирани економски рамки и рокови, неможноста за наплата на побарувањата е значаен проблем. Нефункционалните системи за наплата на долгови поттикнуваат неодговорно однесување кое им штети на одговорните потрошувачи и компаниите, како и на економијата во целина. Како последица на сегашната ниска стапка на наплата во Северна Македонија, условите за кредитирање се многу понеповолни отколку што инаку би биле. Сметките за комунални услуги и други услуги содржат скриени додатоци кои ги зголемуваат износите на тие сметки и кои давателите на услуги ги користат за да се заштитат од клиентите, кои можат, но не сакаат да ги платат своите сметки.

Неможноста на доверителот да ги наплати своите побарувања преку суд го спречува економскиот раст и развој. Подобрувањето на нивото на наплата на долговите не е универзален лек, но искуството на другите земји покажува дека тоа има значително позитивно влијание врз деловното опкружување, а што е уште поважно, може да биде важен чекор кон подобрување на животниот стандард и финансиската сигурност на граѓаните.

Непредвидливото деловно опкружување понекогаш наметнува финансиски притисоци врз вашите клиенти и ги става во ситуација на акумулација на долгови. Активирањето на наплатата носи бројни предизвици, одзема време и ресурси, ги зголемува трошоците и ве оддалечува од вашата основна дејност и зголемување на профитот. Од друга страна несоодветно подготвената комуникација со должниците води кон ризик од трајна загуба на клиенти, а со тоа и намалување на приходите.

Докажани процедури

Компанијата ODM Collections има воспоставено докажани процедури и ефикасни системи за наплата, земајќи ги предвид сите професионални, стручни и етички принципи. Свесни дека не постои универзален модел на наплата што може да се примени, процесот на наплата го прилагодуваме на видот на побарувањето и карактеристиките на должникот и клиентот, почитувајќи ги правата и заштитувајќи ги интересите на сите инволвирани страни. Структурираниот пристап во соработка со нашиот професионален тим обезбедува највисоко ниво на наплата во најкраток временски период. Клиентот не сноси никаков ризик, трошок или инвестиција до успешно завршување на процесот на наплата, или пак трошоците се минимални, во зависност од квалитетот и обемот на самите побарувања.

Професионален менаџмент

Фази на наплата

Доколку вашата редовна комуникација со клиентите не резултира со наплата, многу е важно да реагирате што е можно поскоро и да не’ контактирате заради професионално управување со побарувањата, бидејќи побарувањата кои не се наплатени во наведениот рок можат да ја загрозат ликвидноста и безбедноста на вашата бизнис.

money-writes-with-white-chalk-is-hand-draw-concept-min

02. Рана фаза на наплата - “soft collection“

Ние ви помагаме да ја подобрите динамиката на плаќање на вашите клиенти/должници, додека одржувате позитивни деловни односи со нив. По телефон и електронска пошта го известуваме клиентот/должникот за долгот, го известуваме за роковите и процедурите за плаќање, како и за последиците од натамошното доцнење со плаќањето. Целосната комуникација со клиентите/должниците е структурирана, спроведена според однапред утврдени сценарија кои се составени во зависност од активноста на клиентот/должникот, природата на побарувањето, како и околностите на настанувањето на побарувањето, со примена на највисоките професионални и етички стандарди на комуникација и, се разбира, според договорена стратегија. Во нашата работа никогаш не прибегнуваме кон процедури како што се прекумерни телефонски повици, барање клиенти/должници преку соседи или членови на семејството или преку слични деловни и други општествено неприфатливи процедури.

04. Судска наплата

Во случај кога претходните фази на наплата не резултираат со исплата на долгот, како завршна фаза се пристапува кон судска наплата. Компаниите често избегнуваат ваков вид наплата поради општата состојба на судството, комплицираните процедури и високите трошоци. Нашиот правен тим е тука да ве поддржи во надминување на овие предизвици и, во соработка со реномирани адвокатски канцеларии и јавни извршители, обезбедува наплата во најкус можен рок, секаде каде што има правна основа за тоа. Трошоците на судскиот процес паѓаат на товар на тужениот, така што клиентот остварува целосна наплата на побарувањата, намалена единствено за надоместокот за наплата на услугата. Стратегијата е, се разбира, да се избегне судска наплата секогаш кога е можно, со цел да се одржи добра деловна комуникација помеѓу клиентот и должникот и да се минимизираат трошоците на постапката. Го избегнуваме процесот на присилна наплата и со гордост можеме да кажеме дека е присутен во исклучително мал процент (под 1%).

katerina-kerdi-HZYSc-vMoHI-unsplash-min

01. Следење на фактури

Кај нас процесот на наплата започнува со издавање на фактура. Навремено и правилно ги организираме и следиме фактурите, од нивното креирање, моментот на доспевање, па сé до крајната исплата. Преку комуникација со клиентите/должниците низ сите фази, се обезбедува навремена и редовна наплата.

felix-mittermeier-nAjil1z3eLk-unsplash

03. Pre-legal наплата - испраќање опомени

Опомената пред тужба е последниот чекор пред да се влезе во присилна наплата на долг по законски пат, а искуството покажува дека овој чекор е многу важен и ефективен како средство за влијание врз клиентот/должникот, без нужно да ги наруши идните односи со клиентот/должникот.

sijalica

05. Преземање правни дејствија против должниците во стечај

Имаме ефикасен механизам за застапување на правните интереси на доверителите во случај на поведување стечајна постапка против должникот. Нашиот правен тим има долгогодишно искуство во сите фази на стечајната постапка, која опфаќа поднесување барања, комуникација со стечајните управници, учество во работата на стечајните органи, следење на продажбата на имотот на стечајниот должник и наплата на побарувањата.

Имаме големо искуство во развивање ефективни стратегии за решавање на многу сложени прашања и процедури, како на домашно така и на регионално ниво. Во исто време, даваме помош во процедурите за реструктуирање и реорганизација во кои се стремиме да најдеме баланс и да постигнеме оптимизација на состојбата на компанијата и нејзиниот потенцијал, што го постигнуваме преку соработка на нашиот правен тим и експерти од областа на економијата и финансии, како и реномирани адвокатски канцеларии.

Најчесто поставувани прашања

-Процесот се поведува со поднесување тужба или предлог за издавање на решение за нотарски платен налог врз основа на веродостојна исправа.

-Директна наплата, правни постапки, извршување, посредување и факторинг.

-Времетраењето на процесот зависи од сложеноста на случајот, но може да варира од неколку месеци до неколку години.

-Во случај на спор, побарувањето може да се реши со правна постапка или посредување.

-Во случај на стечај на должникот, доверителите се намируваат од стечајната маса на должникот преку стечај или реорганизација на должникот.

-Да, доверителите имаат право да наплатат затезна камата доколку должникот не го подмири паричното побарување.

-Во случај да нема писмен договор за паричното побарување потребно е да се поведе парнична постапка и да се докаже постоењето и висината на побарувањето.

-За ефективна наплата на долгови без парнична постапка се користи „Опомена пред тужба“, метод кој често ги поттикнува должниците да ги исполнат своите долгови.

-Да, правните постапки се користат како завршна фаза со поддршка на правен тим и соработка со адвокатски канцеларии низ целата држава.

ОДМ се разликува од класичните агенции за наплата на долгови по својот пристап и методи на работење. ОДМ ги нагласува етичките стандарди и професионалната комуникација, како и приспособувањето на процесот на наплата на индивидуалните потреби на клиентите и спецификите/карактеристиките на должниците. Дополнително, ОДМ ги покрива сите фази на наплата, од следење на фактурите до правни постапки, вклучително и справување со стечајни постапки. Овој сеопфатен и приспособен пристап го разликува ОДМ од традиционалните агенции за наплата на долгови.

Лидерите во регионот

ODMC работи во 6 јурисдикции во Западен Балкан - Србија.

Created by Offmars ©

Go To Top